Saturday, February 15, 2014

Одбојката може да биде и Интересна. Интересни идеи за Одобојкари/ки

Одбојка не мора да значи Сервис Прием Дигање Смеч.
Таа може да ви биде животен сопатник,немора да сте професионалец за да живеете со неа за да стане ваше секојдневие.
Постојат интересни нешта кои Одбојката може да ги понуди, потребно е само малку креативност...


Купете евтина одбојкарска топка (100.150,200,250 ден) или пак обична "балонка" по можност бела и исшарајте ја по ваш избор.Дали тоа ќе бидат мотивациски пораки цветови имиња на личности или пак едноставни цртежи зависи само од вашата фантазија.


Има ли некој што не слушнал за Вилсон.(доколку има побарајте го филмот Cast away)направети си свој Вилсон со обична бела топка и имајте пријател во секое време.
Потребна ви е само една обична бела топка(по можност со одбојкарски дизајн).
Ставете ја раката во црвена боја(со помош на воден или темперни бои) потоа оставете отпечаток од раката на топката направете очи и уста...почекајте да се исуши и вашиот Вилсон е готов.


Едностано Одбојкарски нокти.

Одбојкраски постер.
Подебел картон исечете го во круг и а него залепете бел лист со иста големина.На листот нацртајте одбојкарска топка(како на сликата)и на останатиот дел од листот допишете интересни и забавни зборови или реченици.


Совршената торта а секој/а одбојкар/ка.
Направете правоаголна торта,земете прелив или пак топено чоколадо и направете одбојкарска мрежа.Потоа со лажица за правење толки сладолед направете топка од шлаг.На топката додадете и некои детали за да личи на одбојкарска торта.



Кога Одбојката е повеќе од Спорт

Страста го обзема умот...
Најстрасниот(читај;лудиот) тренер

Тоа чувство...


 

 Само вистинските Одбојкари/ки ке Сфатат
Add caption
































Tuesday, January 21, 2014

А каде сме Ние? Македонска одбојкарска репрезентација

А каде сме ние?Каде одиме?
Одговорот е на 113-то место од вкупно 113 тимови.
Да тоа е нашата женска репрезентација.
А сега МАШКИТЕ!
На 117-то место од вкупно 127 тимови
А Каде одиме...?Одговорот сеуште го нема


...Но да почнеме од почеток.

Сега актуелно е европското првенство во ракомет.Супер!Јас сакам ракомет имаме 5-то место континуитет го имаме еден од најдобрите и најпочитуваните играчи во СВЕТОТ.Освоивме 5то место и мислевме следното ке играме финале.Сите зборуваат за тоа носат странски играчи, селектори анализираат, сите станаа експерти.ФБ е полн со коментари каве слики од играчите итн итн.

Ракометот најплатен спорт во Македонија

Пред некое време актуелно беше европското првенство во кошарка.Изигравме полуфинале станавме 4ти ау бау.Ама поминаа тие денови.Дојденаредното европско и оп тапа.Не се ни пласиравме во следната фаза.А во меѓувреме носеа странски селектори даваа пари спортски сали ова она за на крај да прочитаме дека наводно нашите по победата над Србија отишле и македонска работа...се испијаниле мекдоналдс сеа нема кај нас па се најале и после ИЗГУБИВМЕ!Нашите експерти стнаа хејтери.
Нашите ракометари во анти-спортски стил.Менталитетот беше најголем победник на претходното првенство.Хејтерите и ракијата ПРЕД СЕ!


А фудбалот?!Цело време се вложува се прави ама пак ништо.Останавме и без капитен.Имаме толкав стадион а немаме капитен.Поправка.Имаме толкав стадион немаме тим.
Бившата македонсак фудбалска репрезентација

Да тоа се нашите најпопуларни спортови.Сега да се вратиме назад...
Нема кој гордо да ја подигне топката во нашата земја

Одбојка.Никој ништо не кажува.Никој ништо не прави.
Колку од вас знаат дека во Маекдонија се играа дел од квалификациите за пласман на светското првенство?Колку од вас знаат дека во јануари машката македонска репрезентација играше квалификации?Колку од вас знаат дека ги изгубивме сите 3меча и притоа не освоивме ниту еден ГЕМ?Колку од вас знаат дека нашиот најдобар одбојкар игра во франција и е меѓу најдобрите стрелци?Колку од вас знаат дека истиот тој ОДБИ да игра за нашата репрезентација на овие квалификации?Каде се сите оние сеопшти експерти за спорт да ги плукаат и репрезентацијата и селекторот и играчите и оној кој нејќеше да ги брани нашите бои?
Во каква состојба е нашата прва лига женска и машка?Мислам дека воопшто не е ни во состојба! срамно е!!!

Македонската машка одбојкарска репрзентација



Јовица не "откачи" заради семејни причини



Србија се 7-ми  Турција се 11-ти   Хрватска се 24-ти  Бугарија 35-ти  Грција се 46-ти Албанија се 55-ти Босна и Црна Гора се 76-ти  а ние...нашата женска одбојкарска репрезентација е 113-та.Ние сме во групата со Азербејџан,Еритреа,Намибија...кои имаат исто бодови како и нас.
Србинките единствен балкански претставник во ж.одбојка во ТОП 10.

Турција со добра лига гради и добра репрезентација бројките објаснуваат се 11.


По пауза од 5 години лани повторно се активираше ж.репрезентација со подмладен состав и со само две девојки од "прошлата" репрезентација.

Со машката репрезентација можеме да бидеме позадоволни со оглед на тоа дека има 1 бод во ранкингот.Да,подобри се од 127 земји се 117-ти.За разлика од нас Србија и Бугарија се дел од топ10 !Бугарија се 6-ти а Србија 9-ти.Турција,Грција и Црна Гора се во топ100.

Има ли надеж за нас?
Српската репрезентација не се плаши од никого но ниту штеди некого.Не победија со 3:0 во Ниш годинава
Бугарија

Но не е се така црно!Кај тинејџерите сепак одбојката не е замрена.Таа се наоѓа во неделниот распоред на многу средношколци.Да во Скопје,Тетово,Струмица и уште неколку градови.
Но дали знаете дека  Охрид е дел од градовите каде воопшто и нема одбојкарски клуб?
Апсурдно нели?!Во градот каде што секое лето се одржува одбојкарски куп на песок воопшто и нема клуб...Но тоа и не е многу чудно ако се знае фактот дека во Охрид нема ниту покриен базен! 


Каде е македонската одбојка?Очигледно закопана длаабоко во некој терен за одбојка на плажа.









Да се запознаеме

Не овој блог нема да го користам за да промовирам некоја политичка партија,за да навредувам некого,за да убедувам некого...ќе го користам за да ги пренесам моите мисли да ве запрашам и вас да си одговорам себеси...тоа да биде некаде запишано.Јас сум SportManiac тоа е мојот живот СПОРТ.За него ми чука срцето...

Верувам во БЕСКОНЕЧНОСТА верувам дека можам дека границите си ги поставуваме ние.
Ние можеме и да ги помрднеме.Верувам дека се има причина.Верувам.-и само тој збор е доволен (за оној кој разбира).

Благодарам.